ИТАЛИЈА ТОНЕ: Уште 24.991 нови случаи, починаа 205 лица

од Stefanija Kuzmanovska

Италија регистрираше рекордни 24.991 нови случаи на коронавирус во изминатите 24 часа, а други 205 лица починаа како резултат на Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство.

Ова го сруши вчерашниот црн рекорд кога беа евидентирани 21.994 нови случаи, пренесува Ројтерс.

Бројот на загинати падна од 221 ден претходно.

Вкупно 37.905 лица починаа во Италија од коронавирусот, додека досега се регистрирани 589.766 случаи.

Северниот регион Ломбардија и натаму е најтешко погоден, со регистрирани 7558 нови случаи во последните 24 часа, за разлика од вчерашните 5.035.

Слични содржини