Италија ви дава 2.000 евра ако склучите брак во Рим

од Vladimir Zorba

Рим, со своите иконски и романтични локации како што се Фонтаната Ди Треви, Колосеумот и Портокаловата градина, со години е топ дестинација за свадби.

Сепак, пандемијата, со сите свои ограничувања, доведе до значителен пад на бројот на свадби во главниот град на Италија, а сега Вечниот град сака да ја врати својата романтична слава со специјална кампања наречена „Од Лацио со љубов“.

Лацио е регионот во кој се наоѓа Рим, а секој пар кој ќе го одбере главниот град за својот голем ден ќе добие 2.000 евра за да надомести дел од трошоците.

Услов е бракот да биде склучен до 31 декември 2022 година, заклучно со тоа, без ограничување дали младенците се Италијанци или странци.

Доволно е да се прикажат пет сметки, кои можат да бидат за трошоци, како фотограф на свадба, свадбена торта, кетеринг или фустан и костум, пишува „Стандард“.

Програмата предвидува буџет од 10 милиони евра – или 5.000 свадби. Рокот за поднесување потврди е 31.01.2023 година или до исцрпување на средствата од програмата.

Според италијанските власти, цитирани од „Форбс“, од почетокот на пандемијата (скоро две години) само 9.000 парови се венчале во Рим, додека само во 2019 година бројката била над 15.000.

Слични содржини