Италија: За еден ден почина 445 лица од коронавирус

од Vladimir Zorba

ИТАЛИЈА денес објави 445 смртни случаи како резултат на коронавирусот, што е зголемување во споредба со претходниот ден, кога беа регистрирани 298 смртни случаи, објави Министерството за здравство на таа земја.

Бројот на нови случаи се намали на 8.585 денес, додека во неделата изнесуваше 8.913, пренесе Ројтерс.

68.681 лице е тестирано минатиот ден, повеќе од претходниот ден, кога биле тестирани 59.879 лица, според Министерството.

Од почетокот на пандемијата во Италија, 72.370 луѓе починаа од вирусот.

Во Италија досега се регистрирани вкупно 2,056 милиони заразени со Ковид-19.

Слични содржини