Италија: Затвор и 500.000 евра казна кој ќе одбие лекување од коронавирус

од Vladimir Zorba

Луѓето кои одбиваат третман откако е потврдено дека се позитивни за коронавирус, би можеле да бидат казнети, изјави денеска италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца. Тој објасни дека неговиот тим ја разгледува можноста оние што треба да одат на лекување и ќе одбијат да го сторат тоа, да бидат казнети.

Сперанца потсети дека, според правилата што моментално се применуваат, пациентите со Ковид-19, кои не одат во самоизолација, се соочуваат со затвор од три до 18 месеци, и дека казната е 500.000 евра, пренесува агенцијата Анса.

Агенцијата наведува дека објавата на министерот дошла во време кога факторот на репродукција во Венето се зголемил од 0,43 на 1,63, што го зголеми ризикот од ширење на инфекцијата од ниско на високо.

Слични содржини