Италијанец сакал да влезе во земјава со хашиш и марихуана

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи соопшти дека уапсен е 39-годишен Италијанец откако во Македонија се обидел да влезе со марихуана и хашиш.

„На 17.05.2021 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија, во координација со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога, на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, при влез во Република Северна Македонија, бил лишен од слобода италијанскиот државјанин К.Т.(39). Тој е приведен во полициска станица за понатамошна постапка, а за настанот е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по чии насоки против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од полицијата.

Слични содржини