35
Полицијата на градот Палми на југот на Италија уапсила три млади лица за наводно групно силување на малолетничка, соопштија денеска извори блиски до истрагата.
Осомничените се обвинети за силување на тинејџерка во периодот од јануари 2022 година до ноември 2023 година, кога и тие биле малолетни, пренесе Анса.
Налози за апсење се издадени со прелиминарни истраги од судии по барање на судот за малолетници, јавува „Танјуг“.