ИТАЛИЈАНСКИ ГРОБИШТА ЗАВРШИЈА ВО МОРЕ: Лешеви пловат во водата! (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Дел од живописните гробишта на северозапад на Италија се срушиле и паднале во морето по активирање на свлечиштето, јавува денес агенцијата „dpa“.

„Потрагата по човечки остатоци по оваа несреќа продолжува“, рече Франческо Оливари, градоначалник на крајбрежниот град Камогља во покраината Лигурија.

Пожарникарите, крајбрежната стража и другите служби за итни случаи се на терен и ја претражуваат водата.

Италијанската новинска агенција Анса објави дека жителите биле шокирани од пловечките ковчези во морето по лизгањето на земјиштето во понеделникот.

Локалните медиуми пишуваат дека до 200 ковчези и делови од гробници паднале во морето.

Точната причина за активирање на свлечиштето во тој мал град во близина на Џенова, популарен туристички центар, сè уште не е позната.

Оливари вели дека свлечиштето најверојатно се случило поради обилните дождови.

Во инцидентот нема повредени и нема опасност за околните згради.

Слични содржини