Италијански институт предупреди: Корона на маските останува со денови!

од Aleksandar Petrovski

Вирусот Ковид-19 кој долго се задржува на цврсти површини, на заштитните маски може да остане со денови, заради што маските за повеќекратна употреба треба да се исперат во машина по секое користење, а еднократните веднаш да се фрлат по носењето, наведува италијанскиот институт за здравје.

Во извештајот кој го објави италијанскиот институт наведено е дека во внатрешниот дел на маската откриено е присуство на честици на вирусот Ковид-19 четири дена од контаминацијата, пренесува весникот Il Sole 24 Ore.

Се додава дека ако има малку вирусни честички и вирусното оптоварување да е мало, но дека не е познато која е минималната доза на зараза, што исто така зависи од имунитетот на поединецот и затоа е потребно да се внимава.

Препорака е маските да се допираат само на еластичните траки и да се перат раце пред нанесување и отстранување на маските.

Се наведува и дека честичките остануваат 30 минути на хартија за печатење, еден ден на ткаенина и дрвени предмети, два дена на пари и на стакло, а четири дена на пластика и челик.

Слични содржини