Италијански лекари: Коронавирусот сам се уништува, се претворува во сопствената сенка

од Nikola Popovski

Двајца италијански лекари – Алберто Зангрило, кој ја предводи болницата „Сан Рафаело“ во Милано и Матео Бастети, шеф на Клиниката за инфективни болести „Сан Мартино“ во Џенова, изјавиле дека коронавирусот мутирал и се претворил во сопствената сенка – болеста станала многу помалку опасна отколку на почетокот на пандемијата.

Во интервју за телевизијата „РАИ“, професорот Зангрило изјавил: „Коронавирусот повеќе не постои клинички во Италија“.

Лекарот објаснил дека брисевите земени од пациентите во последните 10 дена покажале дека јачината на вирусот е „бесконечно мала“ во однос на јачината од пред еден месец. Колку е поголема силата на вирусот, толку потешки се симптомите на болеста.

Колегата на Зангрило, Матео Басети, за агенцијата „АНСА“ изјавил: „Силата на вирусот не е повеќе како што беше пред два месеци – денешните случаи на Ковид-19 се многу различни“.

Вчера биле регистрирани само 355 нови случаи.

Сепак, научниците од другите земји се сомневаат во овие тези.

Гидеон Мејеровиќ-Кац од универзитетот Вулонгонг во Австралија изјавила дека се сомнева во идејата за исчезнување на вирусот, затоа што во Италија луѓето сè уште умираат од тоа.

Американката Ангела Расмусен од универзитетот Колумбија се согласува со Австралиецот. Таа на социјалните медиуми напишала дека не гледа докази дека вирусот слабее. Според нејзиното мислење, дури и ако Ковид-19 станала помалку заразен, тоа не значи дека заразените ќе го надминат полесно.

Д-р Оскар Меклин од Универзитетот во Глазгов ги поддржал скептичните колеги. Тој верува дека Ковид-19 не мутира активно, па дури и ако некои мутации можат да го ослабнат – тоа не е доволно за промена на природата на вирусот на ниво на една земја, а особено на целиот свет.

„Зборувањето за самоуништување на вирусот врз основа на тестови е многу опасно“, вели Меклин, додавајќи дека за ваквите заклучоци е потребна голема истражувачка база.

Сепак, добитникот на Нобеловата награда и француски виролог Лук Монтањ изјавил дека мутацијата може радикално да го ослабне коронавирусот. Тој го поврзал со теоријата на неговото вештачко потекло.

Како и за сè што е поврзано со вирусот, научната заедница не може да постигне консензус. Во секој случај, сите би сакале италијанските лекари да бидат во право.

Слични содржини