Италијански медиуми: Ферари го имаат најдобриот автомобил, но не и најдобриот возач

од Vlatko K

Италијанскиот печат, која е познат по тоа што не штеди никого од критики, веќе ги прогласи за изгубени шансите на Ферари да ја земе титулата како кај конструкторите, така и кај пилотите. Скудерија замина во Сингапур со големи очекувања, но си замина со празни раце и заостанување на Фетел од Хамилтон со 40 поени и 37 поени зад Мерцедес во пласманот кај конструкторите.

„Збогум на титулата за Фетел“, напиша „Газета дело спорт“. „Исто како лани, но уште потажно, бидејќи Ферари имаше најдобар автомобил. Но не и најдобар пилот“.

„Ла Република“ додаде дека „крајот на шампионатот на Ферари дојде“.
Коментарите беа направени и од поранешниот пилот на Формула 1, Алекс Занарди, кој ги оцени високо перформансите на Хамилтон. „Тоа беше само една трка, но одлучи се за целата сезона“.

„По „Монца“ секој беше со впечаток дека една победа ќе ги поправи работите. Но Луис ги закопа сите со совршени, речиси поетски перформанси. Може да се види на лицето на Себ дека балансот на силите веќе е променет“.

„Чисто математички, Ферари уште имаат шанса. Но пореално е Хамилтон да продолжи да доминира“.

Слични содржини