Италијански медиуми: Шведскиот модел за справување со коронавирусот е лош, по бројот на починати се први во Европа (видео)

од Nikola Popovski

Шведскиот модел за справување со коронавирусот не функционира, бидејќи таа земја има најголем број смртни случаи во однос на бројот на жители, пренесува денес италијанскиот весник „Кориере дела Сера“.

Според весникот, ова го покажуваат вчерашната статистика од страницата „ourworldindata.org“. Во Шведска, во текот на изминатата недела се регистрирани во просек 6,25 смртни случаи од вирусот Ковид-19 на милиони жители.

Во исто време, во Велика Британија, во која има најголем број жртви од коронавирус во Европа – повеќе од 35.000, имало 5,75 смртни случаи од ефектите на вирусот на милион жители, во Белгија 4,6, во Франција 3,49, а во Италија во просек тројца на милиони жители во текот на изминатата недела.

Иако Шведска има помалку луѓе заразени со вирусот „ковид-19“ отколку земји со поголемо население, како што се Германија и Италија, стапката на смртност во таа земја по глава на жител е меѓу највисоките во светот.

„Кориере дела сера“ потсетува дека шведската влада одлучила да не наметне карантин како што направија многу европски држави во борбата против коронавирусот, но се потпирала на индивидуалната одговорност на луѓето, барајќи од нив да останат дома доколку се болни и на отворено да бидат на социјална дистанца.

Повеќето компании во Шведска не престанаа да работат заради пандемијата на вирусот Ковид-19, додава весникот.

Слични содржини