Италијански политичар убил мигрант

од Stefanija Kuzmanovska

Италијанскиот политичар од редовите на десничарската партија „Лига“ и познат адвокат, Масимо Адријатици, усмртил мигрант со пиштол.

Адријатици, кој е одговорен за јавната безбедност во ломбардскиот град Вогер, синоќа пукал во 39-годишен Мароканец кој им подлегнал на повредите.

Полицијата денес објави дека на Адријатици му е одреден домашен притвор.

Тој го застрелал Мароканецот откако се скарале во еден бар. Повредениот мигрант бил пренесен во болница, каде што во текот на ноќта му се влошила состојбата и утрово починал.

Адријатици, кој поседува дозвола за оружје, тврди дека Мароканецот, кој ѝ е познат на полицијата, ги нападнал гостите во пијана состојба, вклучувајќи го и него.

Адвокатот тврди дека паднал на подот и дека по тој повод од неговиот пиштол бил испукан истрел. Првиот човек на „Лига“, Матео Салвини, тврди дека Адријатици делувал во самоодбрана.

Слични содржини