Италијански возач во Мото ГП шампионатот излетал од патот под дејство на алкохол

од Stefanija Kuzmanovska

Италијанскиот мотоциклист и возач во Мото ГП шампионатот, Франческо Бањаја излетал од патот додека возел под дејство на алкохол, за време на неговиот одмор на Ибица.

„Излегувајќи од дискотеката во три часот по полноќ, завршив со предните тркала во канал на кружен тек. Никој не е повреден во инцидентот, а не учествуваа други возила“, напиша синоќа Италијанецот на своите социјални мрежи.

„Алкотестот кој го изврши полицијата откри дека нивото на алкохол во крвта е повисоко од шпанскиот закон“, додаде возачот на Дукати.

Според медиумите, Бањаја имал 0,87 ppm алкохол во крвта, а законската граница е 0,25 ppm.

Полициски извори потврдија за АФП дека Бањаја има „речиси три пати повеќе од законската граница“ според шпанскиот закон.

Слични содржини