Италијанскиот милионер и инфлуенсер Џанлука Ваки пристигна во Белград на ревакцинација

од Stefanija Kuzmanovska

Италијанскиот инфлуенсер и бизнисмен Џанлука Ваки беше вакциниран во Белград на 12 мај, а сега тој повторно дојде во Србија за да биде ревакциниран во салата 3 на белградскиот саем.

Според „Курир“, тој веднаш открил на печатот дека има српски корени.

Џанлука слета во Белград за да добие имунизација. Тој долета со приватен авион, а на аеродромот го пречека заменик градоначалникот на Белград, Горан Весиќ.

– Имам српски корени од страната на мојот дедо. Јас сум со мешана крв. Ви благодарам, го сакам Белград, поврзан сум со Белград. Луѓето секогаш убаво ме дочекуваат и јас сум многу среќен. Ќе останам два дена. Тука се чувствувам како дома, организацијата е најдобра – рече Џанлука, додавајќи дека немал несакани ефекти по приемот на првата доза на вакцината.

Слични содржини