Италијанскиот плејбој Џанлука Вачи се вакцинираше во Белград (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Италијанскиот милионер Џанлука Вачи денес во Белград беше вакциниран против коронавирус, а после тоа јавно и се заблагодари на Србија.

– Се враќаме во Болоња, се вакциниравме во Белград. Благодарам, Србија – рече Вачи во видеото што го објави од авион.

Ќе се врати во Белград кога ќе треба да ја прими втората доза на вакцината, а откри и како се однесувале кон него на Белградскиот саем, каде ја примил вакцината.

– Ние сме многу благодарни, вие бевте прекрасни со нас – рече популарниот „плејбој дедо“.

На радост на многу дами ширум светот, италијанскиот милионер беше вакциниран без маица, а тој беше видно расположен и насмеан.

Како што се наведува, на Џанлука му помогнал белградскиот бизнисмен Андреј Кесиќ да дојде во Белград на вакцинација.

Слични содржини