Италијанските власти изолираа 11 села поради новиот коронавирус

од Vladimir Zorba

По вонредната средба поради епидемијата на новиот коронавирус, италијанската Влада презеде активности за изолирање на 11 населени места, од кои повеќето се во северниот регион на Ломбардија, јави ДПА.

Ниту влегување, ниту излегување од области за кои се смета дека се места од каде се шири заразата не се дозволени без посебна дозвола.

Сите јавни собири, спортски настани и други настани се забранети за една недела.

Училиштата и градинките, спортските објекти и продавниците се затворени. Јавниот превоз е запрен. Тие мерки влијаат врз повеќе од 50.000 жители.

Две лица веќе починаа од новиот коронавирус во Италија, а бројот на заразени во земјата достигна 79.

Слични содржини