Италијанското првенство ќе има коло кое ќе трае три недели

од Viktor Jovanov

Терминот за Суперкупот на Италија во кој треба да играат фудбалерите на Јувентус и Лацио, не е одреден, а тоа е причина што 17-тото коло од Серија А ќе се развлече дури три недели.

Во рамките на 17-тата рунда од Серија А, ќе има натпревари кои ќе се играат на 18 декември (Сампдорија – Јувентус), на 20-ти, на 21-ви, на 22-ри декември. Потоа следува паузата за Божиќ, а последниот меч од колото е закажан за 8 јануари (Лацио – Верона).

Наредното, 18-то коло, ќе се игра на 5 и 6 јануари, што значи дека Лацио и Верона прво ќе имаат еден друг меч, а потоа ќе го комплетираат 17-тото коло. Суперкупот ќе се игра во Ријад во Саудиска Арабија, најверојатно на 22 декември.

Слични содржини