Италијанците добиваат 500 евра бонус за одмор во својата земја, но летувањата може да поскапат за 20 отсто?

од Nikola Popovski

Во Италија, во август, поради правилата за ограничен број на луѓе на плажите,во рестораните и другите јавни места, цената на десетдневен одмор би можел да се зголеми за 18 до 20 проценти во однос на минатата година, проценува здружението за заштита на потрошувачи „Codacons“.

Резултатите од анкетата на јавното мислење покажуваат дека повеќе од 50 проценти од жителите на Италија не планираат да одат на летен одмор, а од вкупниот број на оние што ќе патуваат, 90,2 проценти ќе го сторат тоа во рамките на границите на својата земја.

Се проценува дека усогласеноста со воведените регулативи со цел да се спречи ширењето на вирусот Ковид-19, кој тешко ја погоди Италија, ќе доведе до зголемување на цените.

Италијанската влада ги повика граѓаните ова лето да го поминат во својата земја, давајќи им бонус од 500 евра за семејствата, како дел од пакетот мерки за ублажување на последиците од епидемијата, што би ги олеснило нивните трошоци.

Сепак, „Codacons“ проценил дека чадорите, лежалките, паркингот, храната, пијалоците и другите услуги што се нудат на италијанските плажи ќе чинат повеќе оваа година отколку порано.

Слични содржини