Италијанците ја анализираат „српската корона“: Нова опасна мутација

од Aleksandar Petrovski

Претседателот на италијанскиот регион Венето, Лука Заја, изјави дека со тестирањето се покажало дека вирусот корона што циркулира во Србија е поагресивен од оној познат во Италија.

Заја рече дека тестирањето на пациенти заразени со вирусот покажало дека вирусното оптоварување е екстремно силно и дека типот на вирусот кој е познат во Венето и цела Италија е помалку вирусен, јави дописникот на Танјуг од Италија.

„Не ја знаеме мутацијата на вирусот корона што циркулира во Србија. Тестот покажа дека четворица позитивни пациенти кои стапиле во контакт со вирусот од Србија, имаат големо вирусно оптоварување“, рече Заја, пренесуваат италијанските медиуми.

Еден менаџер од Виченца кој бил во Србија, двајца негови колеги и едно лице од Падова стапиле во контакт со тој вирус, кој италијанските медиуми го нарекуваат „српски“.

Сепак, претседателот Венета истакна дека ситуацијата со вирусот корона во тој регион е стабилна и е под контрола.

Од почетокот на кризата со вирусот корона во Венето, заразени се над 19.000 луѓе, од кои околу 2.000 починаа како резултат на тој вирус.

Слични содржини