Италијанците откриваат: Јувентус и Барса подготвуваат спектакуларна размена

Угледниот италијански весник „Кориере дело Спорт“ пренесува дека одличниот аргентински фудбалер Пауло Дибала ќе го напушти Јувентус на лето!

Пирло не смета на Аргентинецот, кој оваа сезона одигра само 16 натпревари и постигна два гола.

Италијанскиот весник тврди дека Јувентус е подготвен да го пушти Дибала да замине во Барселона во замена за францускиот напаѓач Антоан Гризман!

Играчот кој пристигна во Барса пред две години за 120 милиони евра не ги исполни очекувањата и каталонците се подготвени да се откажат од него.

Да потсетиме, минатата сезона Јувентус и Барса завршија слична работа. Миралем Пјаниќ се пресели на Ноу Камп, а Артур Мело пристигна во Торино.

Слични содржини