Итан Хок како Тесла (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Биографскиот филм „Тесла“ со Итан Хок во улога на Никола Тесла треба да се појави во кината „на барање“ од 21 август, а сега штотуку е објавен трејлерот од филмот во режија на Мајкл Алмерида, во кој глумат Кајл Меклахлан и Ив Хјусон.

Филмот прикажува некои од најголемите патенти на Никола Тесла, вклучувајќи наизменична струја и славниот трансформатор, а приказната следи сè што се случило меѓу неговите пронајдоци, пишува „Холивуд репортер“.

Ова достигнување премиерно е прикажано на Фестивалот „Санденс“ и доби одлични критики, а судејќи според трејлерот, станува збор за неконвенционално прикажана биографија.

„Светот во кој живееме е сон, што Тесла го сонуваше прв“, вели еден од протагонистите во продукцијата.

Слични содржини