Итен одговор од ЕУ кон Путин: Усвоен кризен план за гас

од Nikola Popovski

Земјите-членки на Европската унија постигнаа договор во Брисел за итен предлог за намалување на потрошувачката на гас бидејќи расте загриженоста дека Русија би можела да ги прекине веќе намалените испораки на гас.

Договорот го објави Чешка, која во моментов претседава со ЕУ.

„Ова не беше невозможна мисија“, напиша чешкото претседателство на Твитер.

Итниот состанок беше одржан откако рускиот нафтен гигант Газпром соопшти дека дополнително ќе го намали снабдувањето со гас преку клучниот гасовод Северен тек 1 од среда.

Иако Русија ги наведе техничките причини како причина за намалувањето на протокот на гас, многумина во ЕУ го гледаат овој потег како злонамерен план на Кремљ да ја остави Европа без енергија пред зимата.

Што значи кризниот план?

Документот што беше усвоен денеска претставува малку изменета верзија на онаа што минатата недела ја објави претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, а се однесува на мерки кои ќе доведат до намалена потрошувачка на гас низ Европа.

Сепак, многу земји се побунија против очекуваното намалување на трошоците од 15 отсто, па ЕК се согласи да го измени првичниот план.

Министрите се уште не ги откриле сите детали од планот, но се знае само дека тој вклучува помала енергетска зависност од Русија.

Удар на Газпром

Руски Газпром вчера одлучи дополнително да ја намали испораката на гас за Европа преку гасоводот Северен тек 1.

Во соопштението на рускиот нафтен гигант се наведува дека работата на втората турбина се прекинува поради „техничката состојба на моторот“.

Минатиот месец, Москва го намали капацитетот на Северен тек 1 за 60 отсто, наведувајќи го одложеното враќање на турбината што ја сервисира германската компанија за енергетска опрема Сименс енерџи.

Сепак, Русија повторно го отвори клучниот гасовод на 21 јули по 10-дневна операција за одржување, но тој сè уште работи со намален капацитет.

Слични содржини