Итно прекината терапијата со хлорокин: Пациентите имале проблем со големите дози, има мртви

од Aleksandar Petrovski

Студијата на бразилските лекари за ефектите на хлорокинските антималарични лекови кај пациенти со „Ковид-19“, болест предизвикана од коронавирус, морале да се прекинат, бидејќи пациентите кои примале големи количини од овој лек развиле опасни проблеми со срцевиот ритам.

Хлорокин, како и сродниот лек хидроксихлорокин, станаа познати на глобално ниво кога ги спомена Доналд Трамп, нарекувајќи ги „лекови кои можат да го променат текот на борбата против коронавирусот“.

Бразилските лекари планирале да тестираат 440 лица за да проверат дали хлорокинот е безбеден и ефикасен третман за „Ковид-19“. Пациентите примале или “висока доза” на лекот (600 милиграми двапати на ден за 10 дена) или “мала доза” (450 милиграми за пет дена, со двојна доза само на првиот ден). Студијата била „двојно слепа“, што значи дека ниту пациентите, ниту нивните лекари не знаеле каква доза примаат.

Сепак, откако биле вклучени само 81 пациент во постапката, лекарите забележале загрижувачки симптоми. После неколку дена започнување со третманот, повеќе пациенти во групата „висока доза“ доживеале проблеми со срцевиот ритам, кои не ги имале оние од другата група. И двајца пациенти од оваа група добиле брз, абнормален срцев ритам познат како вентрикуларна тахикардија, пред да умрат.

Поради ова, лекарите веднаш престанале со истражување со „високи дози“ и ги предупредуваат колегите ширум светот да не пробаат нешто слично со нивните пациенти.

– Нашето истражување покажа доволно за да се запре употребата на високи дози на хлорокин, го велиме ова за да се избегнат непотребни смртни случаи – напишаа истражувачите во трудот објавен на 11 април во медицинската база на податоци medRxiv. Овој напис сè уште не е објавен во службено списание.

Болница во Франција, исто така, го стопираше третманот со хидроксихлорохин кај најмалку еден пациент, бидејќи тој разви идентични проблеми со срцевиот ритам, јави Њузвик.

Хлорокин и хидроксихлороин се користат со децении како лекови за маларија, и генерално не предизвикуваат потешки контраиндикации; но една од тие компликации е сериозен проблем со срцевиот ритам, наречен „продолжување на QT“, напишале Бразилците. Како такви, овие лекови не се безбедни за лица со срцеви проблеми или аритмија, објави претходно Live Science.

– За мене, ова истражување ни дава корисни информации, имено дека хлорокинот предизвикува зголемување на абнормалностите на електрокардиограмот, во зависност од количината на лекот што може да доведе до ненадејна срцева смрт – рече д-р Дејвид Јурлинк, раководител на Клиничка фармакологија на Универзитетот во Торонто.

Патем, Бразилците ги префрлија сите пациенти од „висока доза“ во „ниска доза“ хлорокин.

Ограничениот број на пациенти во оваа студија значи дека сè уште нема доволно докази дали хлорокинот помага во борбата против Ковид-19, но научниците сепак планираат да го тестираат лекот кај пациенти, иако во пониски дози.

Сите пациенти вклучени во студијата, исто така, добија антибиотик наречен азитромицин, што го намалува ризикот од проблеми со срцевиот ритам. Истражувачите велат дека не биле во можност да ги проценат потенцијалните токсични ефекти на овој антибиотик, бидејќи сите пациенти веќе го користеле пред да започне студијата. Комбинацијата на азитромицин и хидрохлороин исто така се користи во болниците во Соединетите држави.

Слични содржини