Итно продолжување на финансиската помош за плати бараат туристичките агенции

Итно продолжување на финансиската поддршка по основ на плати, без пауза за јануари, како и зголемување на капацитетите во автобусите, бараат туристичките агенции.

Во своето денешно соопштение, тие велат дека треба континуирано да се исплаќаат платите, бидејќи добиваат опомени за блокирање на сметките.

Инаку, поради стабилизирање на ситуацијата со Ковид-19, бараат да се врати и условот за 75 или 100 процентна исполнетност во автобусите.

„Авионските компании и во екот на пандемијата сообраќаа со целосна исполнетост на нивните авиони, па зошто да не можат и автобусите. Во време кога се трудиме да изработиме било што, ограничени сме со работа поради автобусите. Платежната моќ на граѓаните е намалена поради кризата, не можеме да ги покачиме цените и дополнително одиме во нови загуби“, стои во соопштението од агенциите.

Слични содржини