Иванишевиќ: Тоа што го направи Ѓоковиќ е херојство

од Nikola Popovski

Горан Иванишевиќ по дефинитивното заминување на Маријан Вајда од стручниот штаб на Новак Ѓоковиќ, го освои првиот Грен слем како тренер на Србинот на Вимблдон.

Иванишевиќ е горд на успехот на Ѓоковиќ, а турнирот го исцрпил до тој степен што едвај чека да оди на одмор.

„Одам на одмор, не знам до кога. Можеби Џо Бајден со време ќе се премисли. Сега заслужуваме да одиме на одмор“, појаснил Хрватот.

Поранешниот победник на Вимблдон се осврна на 2022 година, која беше многу турбулентна за Ѓоковиќ.

„Новак имаше ужасна година, тешка година. И сите ние со него. По Австралија му требаше долго време да се врати во форма. Но, тој го освои 21-от грен слем и апсолутно го заслужи тоа“, изјави Иванишевиќ, осврнувајќи се на искуството на Ѓоковиќ во Австралија.

„Некои луѓе никогаш не би се опоравиле од она низ што помина Новак во Австралија. Тоа што го направи е херојство“, додал тој.

Слични содржини