Иванов: Ако беше режимот на ВМРО-ДПМНЕ на власт, не знам како ќе се справеше со оваа ситуација

од Nikola Popovski

„ВМРО-ДПМНЕ вели дека ако биле на власт ќе донеле вакцини, но тоа е само за гласови. Не дај боже да беше режимот на власт, не знам како ќе се справеше со оваа ситуација“, вели новинарот Зоран Иванов, за емисијата „Само вистина“.

Според него, не се точни констатирањата дека не не бива за ништо.

„Факт е дека владата си ги признава некои од грешките, но дека идеално може да се справи со оваа криза не може. Кому да веруваш ако не на Брисел и ЕУ. Кому да се потпреш ако не на местото каде што се стремиш, каде што соработуваш. Не верувам дека ако беше некоја друга партија или гарнитура на власт, подобро ќе се справеше. Точно е дека ние извисивме, но извиси и самата Европа“, потенцира Иванов.

Слични содржини