Иванов: Бугарија има уплав од македонизам

од Берта Китинска

Бугариja нема да ги смени своите ставови во врска со Македонија и тие не се од вчера туку се од пред 70 години тие се историски од 1944 година, вели новинарот Зоран Иванов во „Само Виситина“.

-Целото општество во Бугарија е „инфицирано од антимакедонизам“. Преговорите де факто се прекинати ние веќе не преговараме . Групите кои се формирани се непродуктивни, смета тој.

Иванов вели дека Бугарите имаат уплав од македонизам.

-Тој македонизам се појави со формирањето на државата.Ако Македонија влезе во ЕУ тогаш самите Бугари кои се чувствуваат како Македонци може да го сменат својот став.И пасошите паднаа во вода со пописот, вели тој.

Слични содржини