Иванов е за затвор за Заев- и Заев најавува затвор ама…!

од Vladimir Zorba
131 прегледи

Еден телефонски повик им ја расипал коалицијата на ВМРО ДПМНЕ со ДУИ затоа Иванов и Грујо се во акција !

Ако СДСМ и албанските партии создадат влада без мандат ќе имаме две влади една техничка и една нелегитимна. Ова е само еден од одговорите на претседателот Ѓорѓе Иванов во интервјуто за австрискиот весник Винер Цајтунг. За него така кризата ќе се продлабочи уште повеќе.

– Тоа е само желба. Тоа е правно неиздржано. Таква влада нема да има легитимитет. Ова јасно е наведено во нашиот Устав. Во таков случај би имало две влади. Актуелната, која е техничка влада, и влада која што е без легитимност од претседателот, односно без уставна основа. Значи ќе влеземе во уште поголема криза, вели Иванов.

Во интервјуто за австрискиот „Винер цајтунг“ претседателот Иванов се занимава  и со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
gorge-ivanovПокрај критиките дека Заев не знае во какви игри влегол и пораката дека не му дава мандат за премиер на влада, шефот на државата во интервјуто изјавува и дека доколку Заев не дошол на власт според него ќе завршел во затвор. „Јас не се заканувам. Македонските институции во даден момент ќе постапат против него, ќе ги истражуваат сите околности. На пример, интересно ќе биде прашањето кој му ги доставил прислушкуваните разговори“, вели претседателот Иванов за „Винер Цајтунг“.

На сите овие закани реагираат и од партијата и од неутралните политички аналитичари и експерти.

За политичкиот аналитичар Алберт Муслиу, Иванов заборава дека Собранието е тоа кое формира влада, мандатот не е предуслов, владите легитимитетот го црпат од изборот на граѓаните, а легалитетот пак зависи од народните претставници. Во овој момент легитимитето на оваа влада е ставен во прашање оти таа е техничка, формирана само за спроведување на изборите вели Муслиу.

„Многу е ризчина таа теза која ја наметнува претседателот со две влада, тоа не е можно, затоа што во овој момент има само една техничка, а владите ги избира парламентот а не претеседателот на државата. Но  ако тој Иванов сака да го смени Уставот па тој да ги избира ,тоа е сосем друга работа, според нашиот уставноправен поредок влада избира  само Собранието на РМ, а не претседател на држава. САмо Парламентот избира и менува влади, вели аналитичарот Алберт Муслиу.

 На интервјуто на претседателот Ѓорге Иванов реагираат  и од СДСМ.

Во нивното соопштение до медиумите се вели  дека  Иванов нема право да се однесува тирански кон својот народ, само за да  удоволи на еден човек и неговата фамилија да ги реализираат нивните криминални платформи.

„Парламентарното мнозинство има обврска и ќе ги заштити граѓанските и државните интереси, со тоа што ќе ја формира новата реформска влада на унитарна Македонија, согласно Деловникот, Уставот и законите“, стои во реакцијата на СДСМ.

Ѓорѓе Иванов и во интервјуто повторува дека секогаш во земјава мандатот го добивала партијата која освоила најмногу пратенички места, како што во случајов била ВМРО ДПМНЕ. Тој тврди дека има информации дека оваа партија договорила Влада со Дуи ама еден телефонски повик ја расипал работата. Запрашан кој се јавил, тој не одговара.

„ВМРО-ДПМНЕ не успеа да коалицира со партиите на македонските Албанци, во предвидениот рок од 20 дена, согласно Уставот. Да бидам попрецизен, коалицијата всушност беше договорена. Но, во последниот час имаше телефонски повик и коалицијата се распадна. „Вие сте новинар. Вие можете да истражите кој се јавил“ изјавува Иванов

Експертитем сепак нес е согласуваат со неговите изјави, и даваат многу попродлабочени анализи насочувајќи ја вината кон институциите и таа, институцијата преседател .

–  Ние немаме континуитет, не одржуваме континуитет на нашите институции кои често пати се под ударот на ненадејните политички промени. Мислам дека во тоа е суштината. Нашата немоќ да изградиме традиција на доближување и интегрирање во евроатланските интеграции. Иако ние ја имаме согласноста, го имаме на некој начин консензусот на целото население. Меѓутоа тука е таа немоќ за која мене ми е доста жал. Таа беше доста успешно согледана, да речеме од институциите на Франција, во случајот со Кедорсеј. Ова високо, би рекол највисоко одликување што ми се доделува мене од претседателот на Француската Република, можеби има и смисла на еден симбол, на едно укажување дека некогаш можело да се направи многу повеќе, а сега се прави многу помалку.Нашата ситуација е доста флуидна за да може да навлезе човек во неа, за да каже дали е оптимист или песимист. Меѓутоа, јас лично мислам дека големите генератори на кризата за некои воени пресметки се исцрпени. Тие се повеќе во партиско- политичките агенди и кај нивните гласноговорници, отколку во реалноста заклучува Страова.

Сепак заканите на Иванов се сваќаат се понесериозно, и неговите последни чекори на извршител на политките на Никола Груевски. Иванов се потврди само како гласноговорник на Никола Груевски, неговличен партиски  претседател,  а не претседател на сите граѓани порачува граѓанската и експертска јавност

По празниците во Вторник е закажано продолжението на конститутивната  седница на парламентот за  избор на преседдател на Собранието на РМ. Најавите од парламентарното мнозинство се дека повеќе нема одлагање, инсттуциите на државата мора да се формираат според вољата на мнозинството граѓани , а тоа значи и функционален Парламент и нова Влада. На овој исчекор повикува целата меѓународна заедница и САД и ЕУ и В Британија, сите, освен инаетот на ВМРО ДПМНЕ кои криејќи се зад „наводната „тиранска платформа“ всушност сакаат да го избегнат СЈО, затворските казни и заминувањето на досега владеачката партија ВМРО ДПМНЕ во опозиција.

Ад