Иванов: Со Договорот со Бугарија власта сака да реши едно прашање, кое ќе ја задоволи само бугарската страна

од Берта Китинска

Поранешниот претседател Ѓорге Иванов, во неговото денешно обраќање на свечениот научен собир во МАНУ на тема „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој 1941-1991/1991-2021“,ги истакна неговите познати ставови против Преспанскиот и Договорот за добрососедство со Бугарија, со кои смета дека се обезличува татковината, меѓутоа, според него, тој процес на обезличување почнал уште во 2001 година, со потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

-Постојат прашања за кои не се преговара, стекнати права за кои не се разговара, црвени линии преку кои не се преминува. Предупредував дека со Договорот од Преспа се става крај на Република Македонија каква што ја знаеме и затоа, ниту учествував, ниту потпишав таков договор, изјави Иванов.

Невиден преседан, нагласи Иванов, е заради политички контекст политичарите да даваат историско толкување на фактите.

– Со Договорот со Бугарија власта во Македонија сака да реши едно прашање, кое ќе ја задоволи само бугарската страна. Она што Македонија го добива за возврат е само понижување, преку одрекување и отуѓување од сопствената историја, без кое немаме компас за иднината, изјави Иванов.

Слични содржини