Иванов: Во Софија кубат коси дека македонскиот јазик влегува во ЕУ

од Nikola Popovski

Новинарот Зоран Иванов смета дека „Европската Унија за едни земји е мајка, а за други е маќеа“.

-Околностите се такви. Холандија и Германија ги немаат за соседи Грција и Бугарија. Ние не ги бираме соседите и таков притисок немало врз тие земји. Нашите проблеми се неприродни, фашизоидни политики се воделе со децении и тие ни прават проблеми. Еве ги решаваме проблемите, не стоиме, важно е да ги решаваме. Ова порака од Вархеји кон опозицијата се толкува двострано во земјава. Едни жестоко го осудуваат кој е тој да соли памет, другите велат чекајте ние тропаме на вратата на ЕУ. Природно е кога се отвора вратата од Брисел, ти да викаш не играм, уценувам, не одам понатаму. Проблем е што овде нема дијалог меѓу политичките субјекти. Ниту едно компромисно решение не е добро за нас, но не е ниту за Бугарија. И во Софија кубат коси за тоа како македонскиот јазик влегува во ЕУ. Според нив, македонизмот е шовинистичка теорија и не смее да влегува во ЕУ. Сакам да кажам дека и тие се фрустрирани таму, рече Иванов во емисијата „Само вистина“.

Слични содржини