Иванов за фингерпринтовите: Понижени сме со овие „роботчиња“

од Nikola Popovski

Ако излезат 60 % од населнието на гласање, тоа е како 120% за нас. Имам впечаток дека сме фини во излезноста на избориве, но не треба да биде така, вели новинарот Зоран Иванов за гостувањето на ТВ Сител.

Според него, партиите не ги убедиле доволно граѓаните за да излезат да гласаат.

-Многу луѓе останаа дома. Оценката дека изборите биле мирни и дека не пукале со калашникови не е доволна. Фингерпринтовите да се тргнат, да не бидеме како криминалци да не следат. Институциите треба да се преземат одговорност за нефункционалноста на овој систем. Мојата оценка е дека ние како граѓани сме понижени со овие „роботчиња“ за да не проверуваат. 20% од фингерпринтовите денес не функционираа, па морале граѓани да ставаат прст во мастило за отпечаток. Тоа не е добро, констатира Иванов.

Слични содржини