Ивановска: ДКСК во извештајот нотира напредокот во делот на борбата со корупцијата и судирот на интереси

од Берта Китинска

Повторно во Извештајот се нотира напредокот во делот на борбата со корупцијата и судирот на интереси. Ова е директна потврда за ажурноста на комисијата во овој состав. Со ваквата оценка ДКСК добива директна потврда за својата работа и поттик за напорите да се задржи и зајакне интегритетот на институцијата и покрај обидите за дискредитација, вели Билјана Ивановска, претседател на ДКСК.

Со ваквата оценка, потенцира на денешната прес-конференција Ивановска, ДКСК добива директна потврда за своето работење, но и дополнителен поттик во напорите да се задржи и зајакне интегритетот на институцијата и покрај обидите за дискредитација.

– Секогаш може да се направат повеќе напори и да се испочитуваат сите препораки и мислења дадени од страна на ДКСК, како и да се пристапи кон поефикасно работење, сметаат од Антикорупциска.

Во извештајот од ЕК е забележано и донесувањето на Националната стратегија за борба против корупцијата, како и обезбедувањето на просторните услови за функционирање на Комисијата.

Претседателката на ДКСК посочи дека во извештајот од ЕК се наведува дека треба да продолжат, но и да се зајакнат заложбите за поддршка и на останатите релевантни институции за борба против корупцијата, како и да продолжат заложбите за подобро функционирање на оваа институција особено преку обезбедување доволно средства за вработување на стручен кадар, како и доследна примена на Националната стратегија од страна на државните институции.

Слични содржини