Ивановска: Една птица не ја носи пролетта, треба да се вклучат сите институции

од Nikola Popovski

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска синоќа изјави дека е задоволна од работењето на Комисијата откако е таа на функцијата.

-Вложивме многу труд, работите се променија. Оставивме печат за нашето независно работење и горди сме за тоа. Нашиот труд го препозна и ЕК, успеавме претходните негативни оценки да ги поправиме, но во борбата не можеме да бидеме сами. Треба да се вклучат сите институции и да постапуваат согласно надлежностите и по нашите препораки. Една птица не ја носи пролетта, цело е кога има се, системот функционира кога функционираат сите делови, рече Ивановска по повод 20-години од постоењето на Антикорупциската.

Таа додаде дека ДКСК е превентивно тело.

-Точно се поделени надлежностите. По мене не треба да се зголемат надлежностите, туку треба да се зголемат капацитетите на институцијата, за да си одговори на тоа што е пропишано со закон, рече Ивановска како одговор на новинарско прашање дали треба Антикорупциската комисија треба да има моќ да истражува и да апси.

Слични содржини