Ивановска: Кај нас корупцијата станала начин на живеење, час поскоро мора да се реагира

од Nikola Popovski

„Се е поинаку кога и од надвор ќе се потврдат кажувањата кои што веќе сме ги алармирале. Кај нас корупцијата станала начин на живеење“, вели претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска за емисијата „Топ тема“, за индексот за перцепција на корупцијата на „Транспаренси Интернешнл“ во 2020 година, кој ја стави нашата земја на 111-то место.

Според неа, мора пошироко да ги отвориме очите и да се донесе стратегија.

„Споро идат процесите, иако за поздравување е стратегијата. Има мало придвижување на работите, но час поскоро мора да се реагира“, смета Ивановска.

Слични содржини