Ивановска: Не ми е јасно како може со некој да биде се во ред и да излезе од болница без три органи

од Берта Китинска

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска ја повика Лекарската Комора да реагира и да побара одговорност од директорот на струшката болница.

Таа вели дека во ДКСК не се расправало за предметот околу постапувањето на докторот во струшката болница.

– Мене навистина не ми е јасно како може некој да влезе во болница, да биде се во ред и да излезе без три органи. Ова како граѓанин си го поставувам како прашање. Кога ја добива лиценцата еден доктор, значи дека тој е одговорен, образован, професионалец и професионално ќе си ја заврши својата работа и дека на некој начин треба да ја гарантира безбедноста на пациентите на овој начин се губи довербата и во белите мантили. Она што можеби ние ќе го детектираме како случај во ДКСК е позицијата на господинот Асани како директор на клиниката, бидејќи за него се утврдило дека има ординација која работи на диво. Кој може да гарантира дека тој не ги пренасочува пациентите од својата дива ординација, вели Ивановска во Утрински Брифинг.

Таа изјави дека ДКСК може да ја детектира озицијата на господинот Асани.

– Она што можеби ние ќе го детектираме како случај во ДКСК е позицијата на господинот Асани како директор на клиниката. Бидејќи за него се утврдува дека има и ординација која што работи на диво. Значи тој не може да раководи, тоа е веќе конфликт на интерес кој може да гарантира дека тој не ги пренасочува своите пациенти во дивата ординација, појасни Ивановска.

Слични содржини