Ивановска: Недолжни граѓани запишуваат имоти на функционери на нивно име

од Nikola Popovski

Од аспект на проверка на имотната состојба, ние не го испитуваме имотот на судиите, туку извршуваме проверка на тоа што е пријавено во анкетниот лист, дали тоа што е пријавено соодветствува со тоа што е Катастарот и книгите. Во наша надлежност, нашето е до тука. Доколку откриеме несразмерност во богатењето во имотот, тогаш тие предмети ги доставуваме до надлежни институции, информира првиот човек на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска.

Таа додава дека треба да има подлабоко испитување.

-Кога започнавме да работиме на предметите со судиите, почнавме и да го предлагаме Законот за потекло на имот. Нема одговори. Го проценивме ризикот како висок, дека постои можности функционерите да го пријавуваат имотот на друго лице, што не е на функција. Ние нема да ги разгледуваме граѓаните, туку избраните лица. Да се зајакнат доказните материјали. Луѓето ги прават институциите, рече Ивановска во емисијата „24 анализа“.

-Проблемот е што недолжни граѓани им учинуваат на функционерите и го запишуваат имотот на нивно име. Ги штитат така. Добиваат противуслуга и кога ќе му заврши функцијата си го враќа на свое име. Уште сега се зборува за такви личности за автомобили и куќи, што не им се пријавени, додаде Ивановска.

Слични содржини