Ивановска: Нема простор за ДКСК да се вклучи во истрагата за пожарот во модуларната болница

од Nikola Popovski

Институциите си постапуваат. Најважно е постапувањето на Јавното обвинителство. Денес видовме дека беа контактирани и архитекти и машински инженери. Секако секој ќе си ја каже својата експертиза, вели претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, за дневникот на ТВ Сител.

Според неа, во моментов нема простор за ДКСК да се вклучи во истрагата, затоа што „главниот играч“ (Јавното обвинителство) е веќе вклучено.

-Се надевам дека истрагата ќе биде професионална. Истражителите треба да ги утврдат причините. Во однос на јавната набавка, ЈО исто така си постапува, па останува да видиме, посочува Ивановска.

Во однос на оставките на министерот за здравство и неговиот заменик, претседателката на ДКСК напоменува дека само човек со високи морални вредности може да поднесе таква оставка.

-Сметам дека треба да биде прифатена. Сите министри се одговорни пред претседателот на Владата, заклучува Ивановска.

Слични содржини