Иверкемтинот достапен во аптеките, Лекарската комора изготви протокол за матичните лекари

Лекот Ивермектин веќе е достапен за граѓаните и е ширум аптеките низ земјава, иако лекот не е на позитивната листа на лекови кои се под Фондот за здравствено осигурување.

Како што е познато, стручниот колегиум на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија и ковид – центрите при интернистичкиот блок, изготвија мислење за употребата на лекот Ивермектин кај пациенти со Ковид-19, а протоколот преку Лекарската комора веќе е испратен до матичните лекари.

Меѓудругото, лекарската комора најави дека ќе организира и онлајн предавање за матичните лекари во цела земја за да се дообјаснат пртоколите, како и онлајн дискусија со клиничките доктори за употребата на лекот.

Во изминатото деноноќие од направени 2543 тестирања регистрирани се 477 нови случаи на Ковид-19, 10 починати лица на возраст од 47 до 88 години, сите починати во болнички услови и 331 оздравен пациент.

На инфективните оддели во земјава се лекуваат 725 пациенти со Ковид-19, во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 23 пациенти со што вкупно се лекуваaт 315 лица. Во ковид-центрите ширум земјава има околу 600 празни болнички кревети.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 87590, бројката на оздравени пациенти е 68695, на починати е 2657, а бројот на активни случаи изнесува 16238.

 

 

Слични содржини