бег

Србија е подготвена за справување со последиците од затворањето на австриската граница за бегалци. Но ние нема да дозволиме овој проблем да се решава преку останувањето на бегалците на Западен Балкан. Ова го изјави српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, кој учествува на Меѓународната конференција за безбедност во Минхен.ivica-dacic-bogoljub-karic-hapsenje-poternica-marko-milosevic-1344690125-193063

Дачиќ соопшти дека австрискиот колега Себастијан Курц го информирал за намерите на властите во Виена да свикаат и вонредна средба на министрите за надворешни и внатрешни работи од т.н.. Балкански пат за мигрантите на 24 февруари. Тогаш, според Дачиќ, се очекува да започнат и првите проблеми од затворањето на австриската граница, како и последиците за Балканскиот пат.

Словенија: Нема да стоиме со скрстени раце, следната недела е клучна за решавање на бегалската криза

“Ние со подготвеност ги очекуваме овие настани. Ќе имаме благосостојба спрема бегалците и мигрантите, но сигурно ќе ги заштитиме националните и државните интереси. Нема да дозволиме некој да го решава овој проблем како што тој го замислува и планира – тие да останат на Западен Балкан. тоа нема да биде можно “, истакна Ивица Дачиќ, пренесе Танјуг.беха ограда
“Македонија треба да има подготвеност за целосно запирање на влезот на мигрантите на нејзина територија”, рече Курц и предупреди: “Најверојатно во следните месеци ќе биде достигнат максималниот број бегалци и Австрија ќе биде обврзана да запира мигрантите на своите граници” .

Слични содржини