ИВЗ: МВР врши притисоци врз имамите

од Nikola Popovski

ИВЗ обвинува дека Министерството за внатрешни работи врши притисок преку влегување во џамиите низ целата држава и вршење притисок врз имамите, особено во Скопје и околината и поради тоа тие ќе поднесат кривична пријава против полицијата. За случајот се пожалиле во владата но и кај сите амбасадори во земјава.

Ова вчера го соопшти поглаварот на ИВЗ на својата фејсбук-страница.

Од МВР тврдат дека се работи за редовна полициска активност на полицијата за доследно спроведување на мерките на Владата.

„Такви превентивни акции секојдневно правиме и пред пазари и молови. Таквата активност беше во насока да им се укаже на верските заедници за препораките и мерките на Владата а не да им се врши притисок“, изјави Наќе Чулев технички министер за Внатрешни работи.

Верниците кои денеска биле на „џума“, последната петочна молитва пред празникот Рамазан Бајрам велат дека ќе ги почитуваат насоките на властите но голем дел од нив ќе дојдат на молитвата.

Слични содржини