Избегал од затворот во Струмица, па го нашле во трговски центар во Кочани

од Берта Китинска

Денеска околу 1:30 часот во Градскиот трговски центар во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани  го пронашле и привеле Џ. Џ. (20) од Кочани поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Струмица.При преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана, се вели во соопштението од МВР.

Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Струмица и по целосно документирање на случајот ќе му биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини