ИЗБЕГНАТА ТРАГЕДИЈА: Кариерата на Меси можеше да заврши против Венецуела (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Еден од најгрубите прекршоци е направен против Лионел Меси во последно време, барем кога станува збор за фудбалот на големата сцена.

Делото е на претставникот на репрезентацијата на Венецуела, Адријан Мартинез, кој за истото заработи директен црвен картон, и заслужено.

За да бидат работите уште побизарни, Мартинез влезе во игра поради повредата на Веласкез во раната фаза од играта, во 25. минута, а веќе во 32. заработи исклучување.

Аргентина славеше убедливо во дуелот од квалификациите за Јужна Америка за пласман на Светското првенство, но победата можеше да биде пирова, а вистинска среќа имаше Меси кој излезе од страшниот старт на ривалот без повреда.

Адријан Мартинез побрза кон Лионел Меси и го целеше директно во потколеницата, на начин што можеше да доведе до страшна повреда на напаѓачот на ПСЖ, што за среќа не се случи.

Помошта за Меси траеше неколку минути, но Аргентинецот успеа да стане, а потоа да ја продолжи играта.

Слични содржини