Избодел менаџер на ресторан, бидејќи му рекол дека мора да носи маска

од Nikola Popovski

Детективите го идентификуваа осомничениот Џејмс Шулц, опишан како „брадест, бел маж“. За него била распишана потерница за напад со нож, што се случила во март годинава.

Полицијата соопшти дека осомничениот „категорично одбил“ да ја почитува политиката на ресторанот, која бара носење маска за лице во објектот поради пандемијата на коронавирус. Тој наводно го снимил инцидентот со цел да им ја покаже снимката на своите адвокати, сметајќи дека услугата му била одбиена бидејќи е бездомник.

Осомничениот се соочил со вработените пред да го нападне менаџерот на ресторанот. Полицијата верува дека осомничениот се степал со менаџерот, а потоа го избодел три пати со џебниот нож во раката и горниот дел од торзото.

Осомничениот избегал од местото на настанот откако вработените се обиделе да го одбранат менаџерот. При првата потрага, Шулц не бил пронајден, но биле пронајдени неколку докази, меѓу кои и неговиот ранец, велосипед и мобилен телефон, кои осомничениот најверојатно ги фрлил бегајќи од местото на настанот. Повредениот менаџер бил пренесен во локалната болница, по укажана помош и пуштен на слобода.

„Тоа е многу поларизирачка ситуација“, рече на прес-конференција началникот на полицијата Гери Ратлиф. „Некои луѓе не веруваат дека треба да носат маски, додека други мислат спротивно“.

Гувернерот на Тексас, Грег Ебот го укина мандатот на државата за носење маски на почетокот на оваа година, овозможувајќи им на деловните субјекти целосно да се отворат, и покрај препораките на здравствените експерти. Сепак, многу индивидуални компании продолжуваат да го применуваат носењето маски според деловните политики.

Слични содржини