Избоден патник во 60-ка на ЈСП, уапсен 19-годишен од с.Љубин

од Vladimir Zorba

Тинејџер од скопското село Љубин е уапсен откако избодел патник во автобус на ЈСП со број 60.

„Полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров- ПО Сарај денеска (11.04.2023) го лишија од слобода Х.Џ. (19) од с.Љубин, скопско поради основи на сомнение дека на 04.04.2023 во автобус на ЈСП со бр 60 со остар предмет го нападнал Д.П. од с.Шишево и му нанел повреди. Х.Џ. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

Слични содржини