Избоден за време на видео повик: Син убил татко со нож додека имал онлајн состанок преку апликацијата Зум (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Еден 72-годишен маж од американската држава Њујорк на смрт е избоден за време на конференциски видео повик во кој учествувал преку интернет сервисот Зум.

Kако што информираат американските медиуми, сторителот е неговиот син, а другите учесници во видео повикот, кој биле сведоци на вчерашното убиство, повикале брза помош.

Откако го избодел Двајт Пауерз, 32-годишниот Томас Скали Пауерз побегнал и скокнал низ прозорец, па се здобил со полесни повреди, а по околу еден час подоцна бил уапсен недалеку од местото на настанот.

Тој моментно се наоѓа на болничко лечење, заради што се уште не е одреден датум за негово појавување пред суд.

 

 

Слични содржини