Избодениот британски пратеник им подлегна на повредите

од Nikola Popovski

Членот на владејачката Конзервативна партија, Дејвид Ејмс (69) почина откако денеска маж го прободе со нож во методистичката црква во Ли-он-Си.

Британската полиција претходно објави дека маж бил уапсен на исток од Англија, по сомневање дека неколку пати во црквата го прободел конзервативниот пратеник од Саутенд, додавајќи дека тие не бараат други осомничени.

-Човекот беше уапсен по инцидентот во Ли-он-Си. Добивме повици дека има вооружен инцидент во Иствуд Роуд Север, кратко по 13.05, објави полицијата на Есекс на Твитер.

Полицијата во Есекс соопшти дека го пронашла ножот со кој бил извршен нападот, наведува Би-Би-Си. Пратеникот Дејвид Ејмс отишол да разговара со гласачи на конзервативците.

 

 

Слични содржини