Избор на Би-би-си: Алиоски меѓу најдобрите 11-мина од групната фаза

од Nikola Popovski

Македонскиот офанзивен лев бек, Езѓан Алиоски се најде во идеалните 11-мина од групната фаза на Европското првенство според реномираниот британски медиум „Би-би-си“.

-Врз основа на играчи кои настапија најмалку 60 минути на два од трите натпревари за своите нации, ние го објавуваме вашиот тим на турнирот до овој момент, објави британскиот медиум.

Играчот на Манчестер Сити, белгиецот Кевин де Брујн има највисока оценка од сите играчи со 8,36, но во тимот нема место за најдобриот стрелец досега Кристијано Роналдо, ниту пак играчи од Англија, Шкотска и Велс.

-На Шмајхел му се придружува соиграчот Симон Кјаер, чија оценка од 7,75 е на третото место меѓу дефанзивците зад Езѓан Алиоски од С.Македонија и Леонардо Спиназола од Италија, велат од Би-би-си.

Слични содржини