„Избор на вистинскиот маж“: Руската армија бара регрути за борба во Украина, платата неверојатна

од Stefanija Kuzmanovska

Руската армија бара регрути за борба во Украина, нудејќи најмалку 2.700 евра месечно како поттик и промовирајќи го тоа како „вистински човечки избор“, пренесува Sky News.

„Избор на вистинскиот маж“

Војската, всушност, постави мобилни канцеларии за да привлече „договорни војници“ за, како што ја нарекува, „специјална воена операција“.

На едно место во јужниот руски град Ростов, војници во униформи и црни маски им го покажаа оружјето на минувачите и им делеа брошури во боја со наслов „Договорна воена служба – избор на вистинскиот маж“.

Ниту Русија, ниту Украина не ги откриваат своите воени загуби, за кои западните разузнавачки агенции проценуваат дека изнесуваат десетици илјади од двете страни.

Москва не го ажурираше официјалниот број на загинати од 25 март, кога соопшти дека загинале 1.351 руски војник, а 3.825 биле ранети.

Слични содржини