Избори во Франција: Алијансата на Макрон освои 25,75 отсто од гласовите

од Stefanija Kuzmanovska

Центристичката алијанса „Заедно“, предводена од претседателот на Франција, Емануел Макрон, влегува во вториот круг од изборите за Долниот дом на парламентот со многу слаба предност пред левицата, покажаа конечните резултати од неделните избори во Франција.

Алијансата „Заедно“ освои 25,75 отсто од гласовите, покажува објавениот резултат на Министерството за внатрешни работи, додека левичарскиот блок „НУПЕС“ на чело со Жан-Лук Меланшон е втор со 25,66 отсто, пренесе „Ројтерс“.

Според последните податоци на стратешката агенција „Елабе“, сојузот на претседателот на Франција Емануел Макрон „Заедно“ ќе освои меѓу 260 и 300 места во парламентот, а на мнозинството му се потребни 289.

Слични содржини