Изборите во Бразил „завршија“ со скандирања против Нејмар! (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Изборите во Бразил завршија синоќа. Луис Лула, левичарски ориентиран политичар, го победи актуелниот претседател Болсонаро со мала разлика. Јасно, ова беа важни избори за Бразил, а пред нив се огласи и Нејмар.

Во моментов, најголемата фудбалска ѕвезда на Бразил го поддржа Болсонаро пред еден месец, што предизвика пар сомнежи. На крајот на јули, Нејмар беше ослободен од обвиненијата за даночно затајување, само за да го поддржи постоечкиот систем два месеци подоцна.

Сепак, Болсонаро загуби, а приврзаниците на Лула славеа на улиците и го „прозваа“ Нејмар.

„Еј Нејмар, сега ќе треба да го пријавиш својот данок“, се скандираше на улиците.

Инаку, Нејмар беше обвинет дека избегнал да плати околу 40 милиони фунти данок.

Слични содржини